| |

На Русија на Путин и Русија на Александар II Романов заедничка им е само богатата руска книжевност

Пишува: Маузер

Послушајте да ви кажем, посестреми македонских,
Та да изјавим местних несносних неволји:
На хилјада осум стотини седумдесет осум лето,
Тога Руси повладаје све отоманство,
И Полостров отсвоије, та Цариград опколије,
В Свјати Стефан се сместије и се сложије:
Турчин даде свим слобода, а потврди Свободител,
На књажество сви Б’лгари да си владајет.
Македонци бога молије: „Поживи ни избавитеља!
Дај му, боже, многолетно дејствие,
Оту нас ни ослободи, в Кралевину Македонску,
Да се сједним с еднородних наеднo
А Енглиска учини пречка, крена глава – објави бој,
Та никому не препјатствува, токмо само нам,
Через нази да ни разделит од наших браќа Б’лгари.
Ѓорѓија Пулевски, Самовила Македонска

Вчера се навршија 144 години од потпишувањето на Договорот од Сан Стефано, со што се стави крај на Руско-турската војна од 1877-1878 г. со што дефакто се означило создавањето на Третата бугарска држава.
За жал Санстефанска Бугарија никогаш не заживеа, бидејќи по Берлинскиот договор Бугарите станаа народ расцепкан на 3 политички ентитети, а најтешко поминаа македонските Бугари кои останаа во милост и немилост на Отоманската Империја.

Фактот што Бугарија ја доби својата државност поради делувањата на царска Русија кај многу Бугари создава однос кој на Македонците им е познат од кај косовските Албанци во однос на САД. За таа една релативно голема и гласна група на бугарското општество, православните браќа Руси се непогрешливи и ние треба секогаш да се држиме со нив колку и во тој момент да ни создава тоа штета. Тие луѓе за жал и после 15 години членство во ЕУ и 18 во НАТО се уште не се гледааат себе си како дел од западната цивилизација. Напротив – тие ја презираат. Тоа најдобро се гледа околу моменталната ситуација во Украина каде што Русија врши инвазија врз една суверена и демократска држава под лажен изговор за нејзина денацификација. Да не беше трагично и неколку илјади луѓе да не ги изгубија своите животи, тоа тврдење ќе беше комично.

Русија навистина заслужува вечна благодарност од бугарскиот народ за својата улога во создвањето на денешната бугарска држава. Мислам дека нема Бугарин кој би можел да го сврти грбот кога на Русија би и се случувала неправда или дека нема да чувствува одредена поврзаност со рускиот народ. Сепак тоа не значи дека Русија после речиси век и пол треба да ја има нашата безрезервна поддршка што и да направи. Помина многу време и ние сметките ги израмнивме кога истата таа Русија застана на страната на Србија, праќаше војски да се борат против бугарските во нашата Добруџа и Македонија. Ние Македонците посебно не треба да ја заборавиме нејзината улога кога ја прати својата Црноморска флота не да ги помогне нашите востаници на Странџа, туку да се осигура дека Бугарија нема да може да помогне на востаниците од Илинденско-Преображенското востание.

Така и денес истата таа Русија е на погрешната страна на историјата. Една обична диктатура која што потонува, а со себе го повлекува и остатокот од светот. Русија во овој момент е изолирана, исклучена од сите финансиски текови, нејзините банки пропаѓаат, девизните резерви и се замрзнати, нафтата со рекордни цени не може да најде купци. Повеќето значајни светски компании се повлекоа од нејзините пазари, пари од најголемите трговски партнери на Русија не можат да дојдат, каматните стапки се дуплираа преку ноќ, рубљата потона и во моментов Русите се соочуваат со потенцијално огромна инфлација. Дури и компании од земјите кои не наметнале санкции се повлекуваат од рускиот пазар поради преголемиот ризик. Нејзините спортисти и културни работници се исфрлени од сите организации, просечниот Русин трпи удари на својот стандард, а овие денови илјадници руски мајки ќе си ги закопаат синовите. Се тоа поради една фантазија за реванш на студената војна на еден поранешен полковник од КГБ.

Руската инвазија не само што не може да биде оправдана, туку таа заслужува презир и осуда. Таква осуда веќе стигна од ОН каде што беше донесена резолуција која што ја осудува инвазијата, а против истата резолуција гласаа само: Русија, Белорусија, Еритреја, Северна Кореја и Сирија. Треба да на сите да ни биде јасно дека некој навистина многу погрешил, ако во неговиот клуб се наоѓаат овие земји… Да ги повториме уште еднаш Сирија, Северна Кореја, Белорусија и Еритреја.

Да не забораваме дека меѓу Русија на Александар II и Русија на Путин единственото заедничко нешто е богата руска книжевност, од која и за која најгласните русофили (путинофили) на социјалните мрежи немаат прочитано ниеден пасус.

Слични Објави