| |

НА ВЕЉАНОСКИ, ЈАНАКИЕСКИ И РИСТОВСКИ ЌЕ ИМ СЕ СУДИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА 27 АПРИЛ

Обвинението против организаторите на настаните од 27 април 2017 година е одобрен во целост, информираат од Кривичниот суд во Скопје.

Тоа значи дека поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, поранешните министри, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и против Владимир Атанасовски, поранешен директор во УБК, седнуваат на обвинителна клупа.

Од обвинение засега се спасија Никола Груевски и Никола Бошковски кои пребагаа, во Унгарија и Грција. Груевски доби азил, додека екс-разузнавачот сѐ уште чека одлука од грчките власти дали ќе му биде одобрен политички азил.

Како што соопштија од скопскиот Кривичен суд:

Заради интерес на медиумите, ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителен акт надлежен да постапува по обвинителниот акт КО бр 21/19 поврзан со настаните од 27 април 2017 – та година во Собранието на РМ, по одржана јавна седница како и ценење на фактите и доказите во истиот, донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост.

По веќе оценетиот обвинителен акт, формиран е кривично – правен предмет кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен кај судија на понатамошно постапување за што странките и јавноста ќе бидат дополнително информирани.

Слични Објави