Зеленски: Русија има за цел да ги окупира истокот и југот на Украина

/

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили имаат за цел да го окупираат истокот и југот на земјата и се пожали дека западните земји не му дале на Киев доволно противракетни системи.

Преку социјалните мрежи, Зеленски ги пофали и силите кои го бранат опколеното пристаниште Мариупол, додавајќи дека нивниот отпор им овозможува на другите градови да добијат драгоцено време.

– Им благодарам на сите што излегуваат на улиците во привремено окупираните градови, на сите што не се плашат да излезат, на сите што се плашат да излезат. Кога луѓето протестираат – и колку повеќе луѓе протестираат, толку потешко ќе им биде на окупаторите да не уништат и да ги уништат нашите слободи. Ова е нашата заедничка борба! Нашата заедничка борба ќе резултира со победа – рече тој.



Извор: Temite



Претходна статија

Одеса е нападната – силни експлозии одекнуваат во градот

Следна статија

Борис Џонсон инсистира на вооружување на Украина

Најново од Вести