Над 1000 изведувачи од Бугарија и Македонија учествуваа на овогодишното издание на меѓународниот фестивал на уметностите „Утринска ѕвезда“. На сцената во Банско, пет дена мали и големи таленти од земјата и странство претставуваа свои театарски претстави и пиеси, фолклорно пеење и играње, балет, спортски и латино-американски танци, естрада и инструментални изведби.
Авторитетното жири, под претседателство на сопранот Росица Панајотова-Григорова, на десетици таленти им додели дипломи, пехари, медали и плакети за 1, 2, 3 место.
На 36-то издание на фестивалот на уметностите „Утринска ѕвезда“ што се одржа во Банско, престижното трето место во категоријата естрадно и популарно пеење го освои талентираната Александра Калчева. Михаела Бојаџиска, освои пофалница во категоријата естрадно и популарно пеење и сребрен медал во категоријата фолклорно пеење. Првото место им припадна на близначките Ивона и Ивана Малчови во категоријата фолклорно пеење – дует.
На доделувањето на наградите, заменик-градоначалничката Сашка В‘чкова му честиташе на организаторот Кирил Костадинов за вложените напори насочени кон развојот на талентите и вештините на децата во Бугарија. Таа на децата им посака успех и им порача да продолжат да ја развиваат нивната љубов кон уметноста и убавината.
Создаден во 2008 година, со прво меѓународно издание во 2010 година, Фестивалот на уметностите „Утринска ѕвезда“ го претвора градот во празник на уметноста и културата.
Најново од Вести
Товарен воз удри две деца во западна Германија, при што едното почина на лице место, а
Високи функционери од Брисел денеска првпат во историјата на Евроблокот ќе разговараат со кандидат за членство
Американскиот претседател Џо Бајден апелираше на единство, во говорот што го одржа на традиционалниот молитвен појадок
Процесот на евроинтеграција носи конкретни придобивки за државата и за граѓаните, унапредување на инфраструктурата, развој на
Сакаме да биде добро, ова што се случува сега не е добро и не гледаме смисла