|

Над 2 милијарди лева од европските фондови ќе бидат наменети за регионите Стара Загора, Перник и Ќустендил во Бугарија

Територијалните планови на трите јагленови региони Стара Загора, Ќустендил и Перник се објавени на јавна расправа. Во следните недели ќе се разговара со социјалните партнери и локалните жители, а на крајот на септември ќе бидат испратени на одобрување во Брисел.

Плановите за развој се поврзани со исплати од над 2 милијарди лева за Бугарија според Планот за закрепнување и одржливост. Ова го изјави премиерот на Бугариja академик Николај Денков на почетокот на владината седница и додаде дека се предвидува развој на современи технологии и енергија од нови извори.

Пред една недела, недостатокот на територијални планови за регионите Стара Загора, Перник и Ќустендил беше идентификуван како ризик за да не се искористат средствата од Планот за закрепнување. И денеска премиерот Николај Денков најави дека покрај европски пари ќе се привлекуваат и средства од инвеститори во нови технологии:

„За да можат овие региони не само да го продолжат своето постоење, туку да станат економско срце на Бугарија. Ова е можно“.

Денков прецизира дека територијалните планови предвидуваат и низа мерки за зачувување на работните места во регионите на јаглен:

„Не само со зачувување на работните места, туку со развојот на регионите, производството, дистрибуцијата и користењето на зелениот водород. Производство на енергија од нови извори на енергија и да се надополнат централите за јаглен. Исто така, можности за привлекување инвеститори од цела нова генерација – производство на батерии, производство на нови технологии, електролизери за производство на водород, кои моментално ги нема во Бугарија“.

Слични Објави