НАНЧЕ УТРЕ ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ОХРИЃАНИ ВО РЕСТОРАНОТ „БЕЛВЕДЕРЕ“

Вести Истакнато Македонија

„Утре (16.04 2019 г.)- вторник со почеток од 18:00 часот, во ресторанот „Белведере“-до домот за култура Григор Парличев, кандидатот за градоначалник од редовите на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ, Михаил Трендафилов-Нанче, и претседателот на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ, Петар Колев, ќе се сретнат со граѓани на Охрид. Нанче ќе ги претстави своите приоритети за развојот на Општината и ќе одговара на прашања поставени од присутните. Ги покануваме сите заинтересирани да присуствуваат со цел да се запознаат со визиите и приоритетите на Михаил Трендафилов- Нанче“- се вели во соопштението на Граѓанско Демократска Унија-Охрид.