„НАШИТЕ ОД ПЕРТ“ СИ ЌАРИЈА ПОЛА МИЛИОН АВСТРАЛИСКИ ДОЛАРИ ОД ВЛАДАТА НА АВСТРАЛИЈА, ИЗГЛЕДА ЗАТОА НЕ ИМ ПРЕЧЕШЕ ФАКТОТ ШТО ОФИЦИЈАЛНА КАНБЕРА НИКОГАШ НЕ ГО ПРИЗНА УСТАВНОТО ИМЕ НА МАКЕДОНИЈА

//

Сојузниот пратеник Винс Конели објави писмо од австралискиот заменик премиер адресирано до македонската општина на Западна Австралија со кое владата на Австралија ќе помогне со 455.000 долари за обнова на спортско рекреативниот комплекс „Македонија Парк” во Перт, јавува МКД.мк.

Kомплексот „Македонија Парк“ во Перт, кој е дом на фудбалскиот клуб Стирлинг Лајонс но служи и за спортско рекреативни активности на македонската заедница, ќе добие ново осветлување и реновирана кујна.



Македонската општина на Западна Австралија е една од најстарите македонски иселенички организзации чиј корени датираат од 1942 година и голем дел од членството се по потекло од Егејскиот дел на Македонија, стои во материјалот објавен од МКД.мк.

Претходна статија

МАЛЧЕСКИ ГИ НАРЕЧЕ ЕВТИНИ ФОЛИРАНТИ СПОМНАТИТЕ ВО „РЕКЕТ“ И ГИ ПОСОВЕТУВА ДА СИ НАЈДАТ АСАЛНИ АДВОКАТИ

Следна статија

САТЕЛИТСКИОТ ПАТРИОТИЗАМ НА КАНАЃАНЕЦОВ БИЛ НИКОЛОВ ПУШТЕН НА НАЈЈАКО: МАКЕДОНИЈА Е ПОД АМЕРИКАНСКА ОКУПАЦИЈА

Најново од Вести