Претседателот на здружението за човекови права на Македонците од Канада, со звучното македонско име Бил, преку социјалната мрежа Twitter ги повика Македонците да се борат против „американската окупација“ на Македонија.
Од „патриотскиот“ твит на г-нот Бил, за жал не станува јасно дали и во далечна Канада е толку жешко, како што е во „zalna majka Makedonija“. Сепак станува јасно дека сателитскиот патриотизам на одредени наши сонародници од другата страна „на барата“ е како што милуваат да речат колегите од „Инфомакс“- „пуштен на најјако“.
Ја читам оваа книга за тоа како #Македонците се спротиставувале на странските окупации. Да бидеме на чисто, #Македонија е под американска окупација. Не смееме да се потчиниме и да го посрамиме нашиот народ и историја. Ако Македонија се крене, ЌЕ ПОБЕДИМЕ.#НашетоИмеЕМакедонија pic.twitter.com/20tK9jU8i6
— Bill Nicholov (@BillNicholov) August 23, 2019