Наследници на македонските војводи со обраќање до граѓаните на РС Македонија: Не ја барајте вината во Софија, за блокадата виновни се вашите политички лидери
Седумина наследници на истакнати македонски војводи излегоа со декларација упатена до граѓаните на Република Северна Македонија. Тие бараат крај на братоубиствената омраза и го поставуваат прашањето: Кој не сака Северна Македонија да не биде дел од Обединета Европа?
Еве го целосниот текст на декларацијата:
Граѓани на Република Северна Македонија,
Ние сме наследници на оние дејци на револуционерното движење во Македонија кои ги дадоа своите животи за нејзината слобода и независност.Решивме денес да ви се обратиме директно и искрено, бидејќи веќе не можеме да гледаме како омразата кон Бугарите ја преплавува нашата Македонија
Не можете да разберете какво разочарување за нас е отуѓеноста, негирањето и омразата кон нас. Да, ние сме наследници на старите дејци. На оние, за кои генерации Македонци читаат во учебниците по историја. Ние сме потомци на тие бегалци од Македонија, кои и денеска во најголем број живеат во Бугарија, отколку во цела Република Северна Македонија. Болката и носталгијата на нашите татковци, дедовци и прадедовци за татковината и татковиот дом предизвикаа бугарскиот народ да биде вовлечен во неколку војни. За нивната и наша Македонија Бугарите дадоа над 200.000 убиени, над 50.000 осакатени, претрпеа 3 национални катастрофи. Стотици семејства беа уништени. Денес речиси и да нема бугарско семејство кое не платило крвава цена.
Граѓани на Република Северна Македонија, не е потребна историска комисија. Ние, наследниците на македонските лидери, знаеме од прва рака што рекле нашите предци. Имаме нивни спомени, кои не било кој, туку Државниот архив во Скопје ги објави во оригинал. Таму тие јасно се идентификуваа како македонски Бугари. Па, Ѓорче Петров во 1896 година ја напишал програмата и статутот на „Бугарските македонско-одрински револуционерни комитети“. Кој сака да ја сокрие Вистината за минатото на Македонците во 21 век? Кој сака цели семејства од двете страни на границата да бидат мразени и навредувани? Кој сака Северна Македонија да не биде дел од Обединета Европа? Ова секако не е Софија. Одговорноста за тековното славење на омразата мора да се бара од вас во лицето на министрите за надворешни работи и премиерот на земјата, во лицето на лидерот на опозицијата Мицкоски. Тие одбија да биде европски лидери, останаа балкански џуџиња и решија со ситни итроштини, да ги претворат луѓето покрај Вардарот во заложници на евроинтеграциите. Дали е нормално да ги нарекувате вашите соседи и наследници на македонските бегалци и дејци на македонското револуционерно движење „Татари“, „фашисти“ и „окупатори“?
Дали е нормално да го негирате нашето заедничко историско и културно наследство, откако официјално го признавте во договорот за добрососедство од 2017 година? Дали е нормално да се негира идентитетот на нашите татковци, дедовци, прадедовци, кои плачеле за Бугарија и отишле да се борат за своите поробени браќа во Охрид, Скопје, Серско, Кукушко, Стружко? Дали е нормално да се дискриминира и навредува пејач – претставник на Република Македонија на „Евровизија“ само затоа што некој го видел бугарското знаме во неговиот спот? Министерот Никола Димитров не престана дрско да лаже дека некој во Софија не ви го признава македонскиот идентитет и јазик. Ние, наследниците на тие дејци на македонската револуционерна кауза, не само што го почитуваме вашето самоопределување. Ние ве сакаме. Вашите и нашите предци се бореа рамо до рамо и потоа не беа поделени на „ваши“ и „наши“. Сите беа „наши“. Се покажа дека југословенската историска пропаганда била посилна од заветите на нашите предци. Се покажа дека всадената омраза кон нас е посилна од заветите на Гоце Делчев, Даме Груев, Пере Тошев, Тодор Александров, Мара Бунева и редица дејци на револуционерната кауза. Тоа нè боли. Знајте едно: ние ве сакаме и страдаме за вас.
Потпишано од:
Атанас Попов, внук на неврокопскиот војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација (ВМРО) Атанас Попов
Андон Качарков – внук на Дончо војвода, Серски војвода на ВМОРО
д-р Васил Попов-Зисов – потомок на бегалци од Костурско
Елена Шклифова – ќерка на проф.Благој Шклифов од село Черешница, Костурско.
Божидар Захариев – внук на Дончо војвода, Серски војвода на ВМОРО
Никола Б. Тодев – внук на војводата на ВМОРО Радон Тодев од Банско.
Доц. Николај Тошев – внук на војводата од ВМОРО Пере Тошев
Извор: Фактор.бг