Наталија Наколофски: Бугарија ми беше во соништата. Таа е мојот дом!

//

Наталија Наколофски е Бугарка, родена во Албанија. Таа е студира „Софтверско инженерство“ на Математичкиот и информатичкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија. Какви биле нејзините чувства кога првпат стапнува на бугарско тло и каква е улогата на д-р Милен Врабевски во нејзиниот живот, раскажува самата Наталија во интервју за Фондација „Бугарска меморија“.

ФБП: Зошто избравте да студирате во Бугарија?

Н.Н. : Најголемата причина да студирам во Бугарија е фактот што јас сум Бугарка, иако сум родена и израсната во Албанија. Се сеќавам како денес кога првпат дојдов во Бугарија на еден од семинарите на д-р Милен Врабевски. Се сеќавам на чувството, што ми го даде бугарската земја – се чувствував како дома, таму сфатив дека и припаѓам на оваа земја. Затоа избрав да студирам во Бугарија. Затоа што Бугарија ме избра мене и јас ја избрав неа. Другата причина е тоа што Бугарија е место на развој, напредок и безброј можности да се добие доволно добро образование, култура и знаење.

ФБП: Што беше Бугарија за тебе, пред да дојдеш овде?

Н.Н. : Бугарија дефинитивно беше во моите соништа. Пораснав со тоа што сум Бугарка, пораснав со бугарските традиции, бугарските песни и култура (што не би ги менувала за ништо друго). И јас бев под влијание на албанската култура, но ја избрав Бугарија бидејќи таа е мојот дом.

ФБП: Дали успеавте да се навикнете на промената на местото, на новите луѓе?

Почетокот за секој нов студент е малку тежок, но постепено се навикнуваш. Истото ми се случи и мене. Се најдов на ново место, опкружена со нови луѓе. Сега можам да кажам дека научив да живеам овде, стекнав нови пријатели на факултет и тоа ме тера да се чувствувам добро. Исто така за викендите уживам во убавините на градот, што е најдоброто нешто што го правам. Освен одморот, истражувам нови места и дознавам повеќе за историјата и културата на градот. Единственото нешто, што малку ме растажува е фактот, што многу ми недостасува семејството. Ми недостигаат блиските моменти со нив, топлината и љубовта што секогаш ми ја даваат. Мислам дека секој студент ме разбира во оваа насока.

ФБП: Како се справувате во финансиска смисла со студирањето овде?



Н.Н. : Животот во Бугарија е прилично скап, особено за студентите. Бидејќи сум студентка со бугарско потекло, која доаѓа од Албанија, сум ослободена од универзитетска такса, но секако тоа не е доволно за да си дозволам да живеам овде. Долг е списокот, кој никогаш не завршува – има трошоци за превоз, храна, разни сметки за плаќање, сместување, училишен прибор и други дневни трошоци. Додадете го фактот дека моите родители, не можат да ги покријат трошоците за двајца студенти, јас и мојот брат, кој студира во Благоевград. Но, од срце сум му благодарна на господинот Врабевски, кој беше подготвен финансиски да ми помогне за покривање на трошоците. Неговата искрена помош ме натера да верувам дека сè уште има добри луѓе на овој свет. Еден од нив е г-нот Врабевски. Моите впечатоци за г-дин Милен се бескрајни – многу добра, интелектуална и љубезна личност. Пред се е хуман. За време на нашата средба го забележав неговиот интерес за условите во студентскиот дом и универзитетот, да се чувствувам порелаксирано за време на моите студии и животот во Софија. Можев да ја видам неговата желба да направи многу работи за Бугарија и Бугарите. Неговата помош ми значи многу. Ова е нешто што многу го ценам. Бескрајно сум благодарна!

ФБП: Учествувавте на неколку семинари на Фондацијата Бугарска меморија – какви спомени имате од нив?

Н.Н. : Двапати учествував на семинарите на Фондацијата. Темата на првиот семинар беше „Подобра дигитална и одржлива иднина за младите луѓе во Европа, преку промовирање на различноста и развој на трансформативни и идни вештини“, а темата на вториот беше „Градење заеднички вредности и компетенции меѓу младите преку социјално претприемништво. и екологија““. Научив многу вредни работи од двете работилници како што се: специфични дигитални, социјални, еколошки и граѓански претприемнички вештини, можностите за промовирање на критичко размислување, преземањето иницијатива, ефективното пренесување на основните општествени вредности, подобра образовна и професионална перспектива. За време на семинарите добив незаменливо знаење и размена на искуства. Сега кога го посетувам универзитетот за софтверско инженерство и со оглед на темите на овие семинари, мислам дека сето тоа ќе влијае на мојот личен и професионален развој.

ФБП: Кои се вашите нови цели и соништа?

Н.Н. : Моја главна цел во моментов е факултетот, кој сакам да го завршам со високи оценки и секако да работам по мојата професија. Освен овие две цели, сакам да учествувам во различни проекти, кои ќе ми помогнат во развојот на мојата кариера, како и во социо-културен аспект. Проектите на д-р Врабевски се најдобри за оваа цел.



Претходна статија

Името како проклетство (2)

Следна статија

Здружението „Дело“ од Скопје бара градоначалникот на Куманово да се извини заради промовирањето на србоманскиот четнички војвода Јован Довезенски

Најново од Интервју