НАТО и ЕУ резервирани за кинескиот предлог за прекин на војната во Украина
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ја изрази својата резервираност за кинескиот предлог за прекин на конфликтот во Украина и најави дека Пекинг нема голем кредибилитет како посредник.
„Кина нема многу кредибилитет бидејќи не ја осуди илегалната инвазија на Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Талин додавајќи дека Пекинг потпишал договор со рускиот претседател Владимир Путин само неколку дена пред почетокот на војната, пренесува „Ројтерс“.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, објави дека Кина не понудила мировен план, туку некои принципи, пренесе „Танјуг“.
