| |

НАТО ќе спроведе воена вежба „Strike Back – 2025“ во Бугарија

Многунационалната борбена група на НАТО, стационирана во Бугарија, денес започнува дводневна воена вежба „Strike Back – 2025“, објави бугарското Министерство за одбрана. Вежбата ќе се одржи на армискиот полигон „Ново село“, во близина на градот Сливен.

Во маневрите ќе учествуваат повеќе од 400 војници од различни национални контингенти кои се дел од борбената група, како и логистички единици. Вежбата ќе трае 48 часа без прекин.

Главната цел на вежбата е да се зајакнат способностите за командување и управување со мултинационални формации во услови на одбранбени борбени дејства. Посебна важност има учеството на единицата за непосредна противвоздушна одбрана од армијата на Република Турција, која за првпат ќе биде дел од ваков вид вежба на територијата на Бугарија.

Слични Објави