| |

НАУЧНИЦИ СО РЕЗЕРВА ЗА ЕФЕКТИВНОСТА НА РУСКАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19

Главниот вирусолог на САД, д-р Ентони Фаучи во врска со веста за руската вакцина против Ковид-19, коментираше дека едно е да имаш вакцина, а сосема друго нешто е да докажеш дека истата е ефективна и безбедна.

Франција и Германија исто така покажаа резервираност околу руската вакцина, а СЗО соопшти дека нема доволно информација околу вакцината што доаѓа од Руската федерација.

Од своја страна Русија ја заштити својата вакцина преку официјална изјава на министерот за здравство Михаил Мурашко, кој истакна дека повеќе земји се обиделе да го забрзаат процесот за пронаоѓање на вакцина, додавајќи дека за руската вакцина има доволно клинички податоци.

Мурашко ги оцени како неосновани мислењата на научниците од САД, Германија и Франција, кои гледаат со недоверба кон работата на рускиот тим кој ја создал вакцината.

Слични Објави