ТРАЈКОСКА: ВО НАШАТА КЛЕПТОКРАТИЈА НАЈВАЖНО Е ДА СИ ЧЛАН ПАРТИЈЕ…

Или поинаку кажано, таа силна аминистрација што ја плаќаме од наши џебови е недоветна, неспособна и не може да донесе никаква одлука во име на граѓаните се дур вождовите или таканаречените политички лидери не им дадат изим – дека смеат да дишат и да мислат.
Во нашата клептократија најважно е да си члАн партијЕ и да си на државен буџет со плата, а одлуките дали треба да работат школите, градинките, театрите, факултетите и болниците ќе ги оставиме на фејсбук експертите да решат. На крајот повеќе знаат од овие што не може ниту да се подготват, ни да испланираат, а не дај боже да донесат било каква одлука…освен за кафаните се разбира.
Каква планетарна неспособност да се биде држава. Дури феноменална! И да, сите сме криви – посебно тие што сме останале тука.

loading...

Фб статус на Жанета Трајкоска


loading...