После следните избори ДУИ ќе биде опозиција – промените на Косово ќе се пресликаат и во Македонија. Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари е уверен дека расположението кај електоратот е променето, дека, како што вели, е крајно време да бидат казнети корупцијата и беззаконието кои владеат овде.
„Демократија е кога имаш промена. Албанците во Македонија се во едно партиски систем. 18 години се раководени од една партија. Пролетта почна наесен на Косово, ќе продолжи идната пролет или наесен и во Македонија и тоа исто ќе се рефлектира и во Албанија“ изјави Арбен Таравари, генерален секретар на Алијанса за Албанците.