НЕ МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИ СИТЕ РОЧИШТА НА ПРЕДМЕТИТЕ ЗА КОИ Е ОБВИНЕТ – ЈАНАКИЕСКИ ГО ШЕТААТ ОД СУДЕЊЕ НА СУДЕЊЕ
Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески кој е обвинет во повеќе случаи на некогашното СЈО не може да ги следи сите рочишта, затоа што Кривичниот суд го засили темпото на судења. Денеска во 10 часот започна рочиште за предметот Траекторија, а веќе во 11 часот го чекаат во друг суд на рочиште за „27 април“.
Одбраната на Јанакиески смета дека со ваква динамика на судењата се врши притисок врз обвинетиот и неговата одбрана и се кршат основните права на обвинетите и на бранителите во постапките на обвинителството.
Додаваат дека ова е прекршување на правата на обвинетите и бранителите да формираат сериозна и ефективна одбрана во овие предмети.
