НЕДЕЛА 8 МАРТ ОД МОЈОТ КАЛЕНДАР
Македонија излезе од еден конгломерат на држава каде големината на државата даваше одредена комоција без да се мисли на внатрешните и надворешните проблеми. Како таква позната во светот ,со поприлично лошо опкружување и внатрешни слабости си најде симпатизери… или еден симпатизер или пак си најде патрон за да ги преживее слабостите.
Проблемот секогаш беше кај нашите политичари. Тешко излегувааа на крај со акумулираните проблеми на новата држава. Политичарите не се посветија да ги анализираат тие проблеми, воочат и решат заради и пред се, промена на систем, на граница- север со чуден режим кој ги заплашуваше и така натаму 30 години. На крај почнаа да ги решаваат проблемите доцна но ете почнаа.
И ете да си кажам зошто е Заев битен. Не дека е многу едуциран или пак некорумпиран, но е типот кој го пресече гордевиот јазол на начинот на опстанокот на плејада на политичари со нивните стравови, идеолошки матрици и комплекси, да работата ја сведе на позитивна нула или барем ПОЧЕТОК на позитива. Ете тоа е тоа.
Кохезивноста и атхезивноста постојано беше присутна. Атхезивците не веруваа во опстанокот на државата и буквално крадеа ,додека кохезивците помалку крадеа но ги решаваа проблемите што ги правеа атхезивците во политичкиот дел. Победи кохезијата во моментот на промената на името на државата. Го сметам за нултна позитивна точка да работите тргнат на подобро.
Неминовно е после прием во НАТО да добиеме ДАТУМ за преговори со ЕУ. Иако бев против поимот ДАТУМ сепак тој е корисен за дневната политика.
Чекам само на старата кокошка да ѝ текне за кохезијата и атхезијата и нултната точка, па да подели датум. Јас сум секогаш на страната на петелот. Не заради друго, туку машка солидарност.
Честит 8 март со ова писание на женскиот пол. И се надевам дека еден ден мажите, ние ќе бидеме рамноправни со вас. Без вас маф ни е алот.
Добро Утро.
Автор: Даме Чкатроски
