Јас и Господ и никој друг

/

Ги објавивме во илјада варијанти списоците на желби и надежи што да ни донесе Новата 2018 година. Очекувањата се поголеми од Шар Планина, Кораб и Беласица заедно. Годинава детските писма до Дедо Мраз што да им донесе беа пореални и поизгледни од предвидувањата на намножените локални Нострадамуси на големите историски настани. На гатачите на иднината во Македонија не им е тешко да погодат што нѐ чека, не само годинава, туку довека. Ќе пуштат неколку различни прогнози во оптек, некогаш сосема спротивставени и нема промашување, една-две сигурно ќе погодат. А и да ја утнат сосема работата, кој ќе проверува и ќе прикажува за ланските праски, кој што кажал и како се обложил. Тоа е ептен здодевна и глупава тема. И, кога ќе стаса денот на воскреснување, или на потоп, сеедно, ете ги во хор: абе што ти кажав…. ти реков ли ја што ќе биде…. јас и Господ и никој друг… (Прочитајте го целиот напис овде)



Претходна статија

Еден настан, различна правна диоптрија

Следна статија

Колективно признавање на уставното име во ОН

Најново од Колумни