Што не знаеме за политиката на Емануел Макрон
Странците се „заљубени“ во францускиот претседател Емануел Макрон, но дали некој може да ги обвини, поради тоа? Тој е најмладиот претседател на Републиката во нејзината историја, избран е без партија и без претходно искуство во политиката. Не беше познат сѐ додека тој самиот не скокна на политичката сцена пред две години. Нормално е луѓето да бидат љубопитни.
Но, постои уште една причина зошто повеќето од моите пријатели кои не се французи да се заинтересирани за тоа што се случува околу Макрон. Тие исто како мене имаат високо образование и се над средната класа. Во таква социо-економска средина, „љубовта“ кон Макрон се наоѓа на плодно тло .
Неговите ставови се совпаѓаат со оние на “елитата”. Тој смета дека мора да се надмине поделбата на десница и левица. Не е преоптоварен со идеологија, и бара ефективни решенија, без разлика од која страна на политичкиот спектар ќе дојдат. Тој смета дека економијата треба да го промовира претприемништвото, но исто така сака да развие и здрава социјална политика. Тој нема проблем со хомосексуалните бракови. Верува дека емиграцијата е пожелна од економски и морални причини.
Тој не размислува како човек од елитата, но го отелотворува начинот на живот кој елитите го идеализираат. Тој е магистер по филозофија, работел во сферата на инвестициското банкарство. Оженет е за својата учителка, привлечен е, но не е многу атрактивен.
Со други зборови, Емануел Макрон е елитната верзија на Доналд Трамп. Тој не е само е нивниот претставник, туку и нивниот лик. Најлојалните фанови на Трамп, сакаат да го живеат животот на американскиот претседател. Истото важи за Макрон и неговите елитни обожаватели. Така се прават месијанските струи.
Споредбата не е целосно точна, бидејќи немам ништо против Макрон да ја контролира нуклеарната политика на мојата земја, додека само кога ќе помислам дека Трамп може да има власт над нуклеарната политика на САД ме облива ладна пот. Но ми се сака секој Американец да го дознае следниот факт за Макрон – неговата прагматичко-центристичка политика е само политика заснована на класна поделба.
Како што посочува социологот Кристоф Гили, поддржувачите на Макрон може да се дефинираат како “сопственици”. Тие се луѓето кои во последниве децении успеваат да се справат со промените во западниот свет – глобализацијата и технолошката трансформација.
Образованието е најдобриот репер за тоа кои се поддржувачите на Макрон,бидејќи тоа не е поврзано само со финансиски, туку и со културен капитал. Друг репер е возраста, малку неочекувано Maкрон е многу популарен меѓу постарите и многу непопуларен кај младите луѓе кои се губитниците во модерната економија на Франција.
Луѓето кои не се дел од елитата, знаат дека Макрон не е дел од нивниот свет и е нормално да не го поддржуваат. Од друга страна поддржувачите на Макрон не го поддржуваат бидејќи тој е еден од нив, туку едноставно мислат дека она што е добро за нив, е добро и за целата држава.
Макрон удри по традиционалните леви и десни француски партии, кои се длабоко повредени и се обидуваат да преживеат. Макрон има политички интерес да биде добар и да ги притисне традиционалните партии кои можат да ја заменат неговата нова центристичка политика.
Но еве што не разбираат многу луѓе за напорот на Макрон да ја одврати француската политика од поделбата лево-десно, што ние ја создадовме. Ако тој успее, тоа ќе значи дека негова опозиција (без разлика на идеологијата) може да биде само анти-елитистичка партија. Ставете ги Доналд Трамп, Најџел Фараж, Џереми Корбин, Жан-Лук Меланшон и Марин Ле Пен во едно шише, разнишајте го цврсто, токму таа „мешавина“ е најпогодна да управува со земјата. Тоа е центристичката замисла на Макрон. Од се по нешто.
Автор: Паскал Емануел Гобри
