|

НЕКАДЕ ПОМОШТИ И БОНУСИ КАЈ НАС КРЕДИТИ: СЛОВЕНИЈА СО ПОМОШ ЗА СТУДЕНТИТЕ

Со цел полесно да се справат со ограничувањата поради епидемијата на коронавирусот, студентите во Словенија од денес ќе можат да аплицираат за солидарна државна помош од 150 евра, јавува МИА.

Аплицирање може да се направи по електронски пат, а за тоа нема определен рок, односно студентите можат да се пријават за додаток кога ќе посакаат.

За да се добие оваа државна помош потребно е лицето да запишано на еден од универзитетите во земјата и да има пријавено постојано или привремено живеалиште во Словенија.

Ова помош за идните академски граѓани е дел првиот Закон за помош поради епидемијата на коронавирусот.



Слични Објави