| |

ОСМАНИ: СЕ РАЗГЛЕДУВА МОЖНОСТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ОД 19 ДО 5 ЧАСОТ

Централниот кризен штаб формиран за мерките против вирусот Ковид-19, денеска дискутираше за измена на времетрањето на полицискиот час од 19:00 до 05:00 часот, објави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Полицискиот час кој беше воведен на 21 март првично важеше од 21:00 до 05:00 часот, но поради наглото ширење на епидемијата и растот на бројката на заболени се донесе одлука полицискиот час да трае од 16:00 до 05:00 часот.
Воедно од Владата на неколку наврати информираа дека олеснување на рестриктивните мерки ќе почне да се применаат после 1 мај.

Слични Објави