|

Нема активни пожари, 22 се изгаснати во последното деноноќие, извести ЦУК

Центарот за управување со кризи известува дека се изгаснати 22 пожари во последното деноноќие, а според извештаите утрово активни пожари нема.

Како што извести ЦУК пожари два пожари имало во Скопје, покрај улицата „Скупи“ во Карпош и кај новиот пат Сарај-Рашче, каде што горела сува трева.

Два пожари имало и во општина Новаци – кај село Далбеговци и Новаци кон Рибарци во месноста „Ергела“.

ЦУК извести дека биле изгасени пожарите и во Ресен, Крушево, трите пожари во Гостивар, Дебар, во општина Брвеница, Кичево, Штип, Пробиштип.

Шест пожари биле изгаснати во општина Куманово – кај селата Брзак, Ропалце, Ваксинце, Ропалце – Умин дол, Рамановце, Средорек.

Слични Објави