Нема информации за настрадани или загинати бугарски државјани по железничката несреќа во Шпанија
До моментов, во Амбасадата на Бугарија во Мадрид нема пристигната официјална информација за загинати или повредени бугарски државјани во тешката железничка несреќа во близина на градот Адамус, провинција Кордоба, Јужна Шпанија, соопштија од Министерството за надворешни работи на Бугарија, пренесе БТА.
Бугарското дипломатско претставништво во Мадрид е во постојан контакт со локалните власти и внимателно ја следи актуелната состојба, дополнуваат од министерството.
Во случај на потреба од помош, бугарските државјани можат да се обратат до Амбасадата на Бугарија во Мадрид на следните телефонски броеви: +34 678 013 846; +34 91 345 5761; +34 91 345 6651 или на е-пошта: [email protected], наведуваат од дипломатското ведомство.
Сигнали и барања за помош при вонредни ситуации од бугарски државјани се примаат деноноќно и на телефонските линии на дирекцијата „Ситуационен центар“: +359 2 948 24 04; +359 2 971 38 56; +359 893 339 616 или на е-пошта: [email protected], дополнуваат од МНР на Бугарија.
Бугарскиот премиер Росен Желјазков го изрази своето сочувство до блиските на загинатите во железничката несреќа во Шпанија во објава на социјалната мрежа Х.
„Нашите мисли се со жртвите и нивните семејства. Изразуваме солидарност со шпанскиот народ“, напиша Росен Желјазков.

