| |

НГ ГЕМИЏИИ ВЕЛЕС ОДБЕЛЕЖАА 116 ГОДИНИ ОД ПОГИНУВАЊЕТО НА РЕВОЛУЦИОНЕРОТ МИЛЕ ПОП ЈОРДАНОВ

НГ Гемиџии Велес вчера ја одбележаа 116-тата годишнина од смртта на македонскиот револуционер Миле Поп Јорданов. Со панихида пред неговото вечно почивалиште на гробиштата во црквата „Свети Великомаченик Пантелејмон делегацијата на НГ ГЕМИЏИИ ВЕЛЕС, положи цвеќе на гробот на револуционерот. Миле Поп Јорданов е брат на велешкиот ГЕМИЏИЈА Јордан Поп Јорданов Орцето. На овој начин НГ Гемиџии продолжува да им оддава почит на сите кои во минатото ги положиле своите животи на олтарот на татковината.



Слични Објави