НОСТРАДАМУС КОНЕЧНО ПРАТИ АБЕР И ЗА ЗАЈКО-СЕКТАШКАТА ФРАКЦИЈА ВО ДПМНЕ ПУШТЕНА НА НАЈЈАКО
Секташката фракција во ДПМНЕ почна да „лапа“ појаки „бонбони“ од порано. Доказ за тоа е следниот текст објавен на порталот „Македонска нација“ (овде).
НОСТРАДАМУС – ЕДЕН ЧОВЕК КРАТКО ЌЕ ВЛАДЕЕ СО МАКЕДОНИЈА И ЌЕ ПРОБА ДА ЈА УНИШТИ НО НАРОДОТ ЌЕ ЈА СПАСИ
Нистрадамус бил најголемиот јасновидец на сите Времиња, во соите книги многупати ја споменува и Македонија. Нострадамус во едно од своите поглавија ќе пише:
Во модерното време кратко во Македонија ќе владее еден непрокопсан владетел кој ќе проба да го уништи името на Македонија и Македонците воопшто само за да им учини добро на други владетели. Но во тоа нема да успее затоа што народот односно Македонците овој владетел ќе го симнат од престолот, по доаѓањето на новиот цар во Македонија работите ќе се нормализираат а новиот цар на Македонија ќе биде верен на народот и нема да дозволи никој повеќе да си игра со името на Македонија.
Вести МК
За кај сме без народот…? Народот ќе донесе нов цар и ќе му ја е*е мајката на стариот. Новиот нема да го даде името, а стариот ќе заврши како лошиот принц Џон од легендите за Робин Худ. Гласачкото тело на секташката фракција со жив ѕид ќе го брани името, исто како што го бранеше Аце наш од бугарскиот кран. Гласачкото тело ќе застане на браникот на Татковината и ќе се измоча врз главите на „предавниците“. Гласачкото тело на секташката фракција е тело без глава, автоматски и без мозок, но од него никој не бара да мисли, истото треба да биде на линија и да се потчинува на новиот цар…
Момци и девојки од секташката фракција сменете го дилерот, побарајте му „бонбони“ за секс, бидејќи „бонбоните“ за „патриотизам“ не ви влијаат најдобро. Искрено, нема да ми биде драго, ако утре вашиот нов цар остане без круна и вие во момент на очај извршите групно ритуално самоубиство фатени рака за рака околу споменикот Воинот на коњ.
PS: Моја симпатична колешка, која сака да остане анонимна ме потсети да прашам дали новиот цар освен што ќе го зачува името Македонија, ќе си ја ризикува царската кариера и за да ја одбрани референцата FYROM?
Автор: Батко Тане

