НОВ КУЛТУРЕН БРАН 2018: КОНЦЕРТНА ТУРНЕЈА НА ЕМА ПОПИВОДА
Во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“, реномираната пијанистка Ема Попивода вечерва (26 септември) со почеток во 20 часот ќе одржи концерт во Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес. Пред велешката публика, таа ќе го претстави својот концертен проект „Македонски ноктурна“.
Ќе бидат изведени композиции базирани на македонски народни песни од композиторот Димитрије Бужаровски, кои се преработени во класичен стил со примеси на џез, импресионизам, експресионизам итн.По големиот успех на минатогодишниот концерт на Ема Попивода со овој проект кој беше претставен во Музејот на современа уметност, со поддршка на Министерството за култура во рамките на „Нов културен бран“, проектот „Македонски ноктурна“ веќе се изведе и во Охрид, а на 28 септември (петок) ќе се презентира и во Гостивар.
