НОВ ПОДВИГ: ЈУНАЦИТЕ ОД СТОЈАКОВО ЌЕ ВОЗАТ СО РЕНО 4 ДО МУМБАИ!

Македонците Ѓорѓи Николов и Ѓоко Шуклев се познати по тоа што со својот автомобил Рено 4 поминаа 4.500 км од селото Стојаково до Ница, а сега се подготвени на уште еден голем подвиг.

Николов е професионален камионџија, додека Шуклев е автомеханичар и е зависник од адреналин, па тие сега се подготвуваат да ја почнат нивната втора мисија од Стојаково до Мумбаи.

Планирани биле да се извозад над 19.000 км во двата правци и притоа ќе поминат низ седум држави, Грција, Турција, Грузија, Азербејџан, Иран, Пакистан, Индија, а потоа назад. Но, исто така, тие планираат со нив да имаат со нив и логистика, односно механичар, камерман, медицинско лице и шофер, кои ќе им помагаат во текот на патот, сè со цел да не заглават некаде во пустина во Пакистан.

Исто така, Шуклев и Николов ги повикаа заинтересираните страни на први мај да бидат на неофицијалниот панаѓур во Стојаково и ако можат да им помогнат. Тие планираат сите донации да ги искористат за трошоците за нивната нова неверојатна мисија, зашто трошоците ќе им се движат од 12.000 до 15.000 евра за подготовка на возилото, визи за членовите не тимот, сместување и трошоци по пат.

Извор: sport1.mk