ТРОЕН СУДИР КАЈ ПЕТРОВЕЦ, ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ!
Две лица се повредени во тројниот судар што вчера се случи на локалниот пат Петровец – Огњанци. Како што се наведува во билтенот од МВР, во несреќата учествувале три автомобила.
На 22.08.2019 во 15,15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Петровец-с.Огњанци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(34) од с.Огњанци, патничко моторно возило „Рено еспејс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.А. (63) од с.Огњанци и патничко моторно возило „Опел Вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.И.(52) од с.Огњанци. Во незгодата со телесни повреди се здобил А.С., а со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило А.А.(55) и биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Скопје.

