| |

МАКЕДОНИЈА ОБЕЗБЕДУВА ПОГОЛЕМА ЕДНАКВОСТ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА ОД САД И ШВЕДСКА

Македонија, Босна и Херцеговина и Хрватска нудат поголема еднаквост на работното место од САД, Германија или Норвешка, покажува индексот за Еднаквост на работното место, изработен од Европскиот советот за надворешни односи (ЦФР).

Таа тинк-тенк организација рангираше 189 држави врз основа на неколку фактори за еднаквост на работното место, како што се обезбедување стимулации за жените да се приклучат на пазарот на труд, поддршка на жените во градењето кредитен рејтинг, можноста жените можат да добијат иста работа како и мажите и присуство на заштита од насилство.

Рзултатите, објавени вчера, се пресметуваат од одговорите на 60 прашања за правото и политиката, вклучувајќи ги: Може ли жените да работат исто онолку часови како и мажите?” Дали на мајките им се загарантирани еднакви позиции по породилното отсуство? Дали законот забранува дискриминација од страна на доверителите врз основа на брачниот статус и пристапот до кредит? 

Извор: Бриф

Слични Објави