|

Жител на Прилепско, копајќи во дворот, нашол 50 рачни бомби

Вчера, во 13.40 часот, во СВР Битола, Б. И. (30) од с. Канатларци, Прилепско, пријавил дека при изведување градежни работи во својот двор во с. Канатларци пронашол 50 рачни бомби од италијанско производство, кои потекнувале од Првата светска војна.

Од овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување бомбите биле подигнати.

Слични Објави