НОВА ОПАСНОСТ ВО ИНДИЈА, СМРТОНОСНАТА „ЦРНА ГАБА“ СЕ ПОЈАВИ КАЈ ЗАРАЗЕНИТЕ СО КОРОНАВИРУС
Се поголем број пациенти во Индија кои се наоѓаат во тешка здравствена состојба поради коронавирусот, добиваат ретка инфекција, т.н. „Црна габа“, болест што ги напаѓа мозокот и белите дробови.
Тоа не е болест специфична само во Индија, туку мукормикоза – широко распространета габична инфекција која најчесто ги погодува имунокомпромитираните лица, оние со слабо контролиран дијабетес или оние кои примаат одредени лекови.
Оваа инфекција е предизвикана од разни видови на габи, вклучително и ризопус, ризомукор, апсидија и базидиоболус, и е присутна ширум светот. Најлесно се заразуваат луѓето во болници, кога габата останува на постелнината или патува низ системи за вентилација, велат експертите.
„Мукормикозата е многу сериозна болест, има висока стапка на смртност и бара многу лекови или дури и операција за лекување“, рече Питер Колињон, член на управниот одбор на Светската здравствена организација кој се занимава со заразни болести и отпорност на антибиотици.
Околу 300 случаи на мукормикоза неодамна се пријавени во индиската држава Гуџарат.
Габите што ја предизвикуваат оваа болест се наоѓаат насекаде околу нас, на земјата и во растенијата.
“Тоа е семејство на габи што можат да влезат во синусите и шуплините во главата. И кога вашиот имунолошки систем не може да ги држи под контрола, тие го напаѓаат мозокот, по што работата станува сериозна”, рече Колињон.
Целиот напис прочитајте го овде.
Извор: Макфакс

