Нови 131 граѓанин на Авганистан пристигнаа во Скопје, државата ја напуштиле 84
Северна Македонија обезбедува привремено сместување за 131 авганистански државјанин вработени во Обединетите нации.
На меѓународниот аеродром Скопје синоќа пристигна група од 131 државјанин од Авганистан. Станува збор за вработени во Обединетите нации за кои Северна Македонија обезбеди привремено сместување до нивното заминување во трета земја.
По пристигнувањето беше применета стандардната процедура – безбедносна и заштитна контрола и PCR тест.
Привремено ќе бидат стационирани во Скопје, додека сите трошоци се покриени од Обединетите нации.
Во земјава моментално има 531 авганистански државјанин, за кои институциите ја обезбедуваат и даваат потребната помош и поддршка.
Северна Македонија досега ја напуштиле 84 граѓани, кои добиле постојан престој од Франција, Грција, Ирска, Португалија и Бразил.
Извор: Zoom. mk