Нови средства за сите кои подигнале нови повеќегодишни лозови, овошни насади, ароматични растенија или медоносна флора

/

Сите земјоделски стопанства кои во периодот од 1. септември 2020 година до 31- ви март 2021 подигнале нови повеќегодишни лозови, овошни насади или ароматични растенија и медоносна флора (еводија, багрем и фацелија) ќе можат да аплицираат за добивање на финансиска поддршка преку мерката 121 „Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“, соопштија од Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Финансиската поддршка за прифатливи трошоци по корисник изнесува 2,5 милиони денари.

За да може да се аплицира за добивање на оваа поддршка потребно е барателите садниците да ги имаат набавено од снабдувачи кои се запишани во регистарот на снабдувачи на семенски материјал и во регистарот на снабдувачи на саден материјал.

Средствата се обезбедени преку програмата за рурален развој, а оваа поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.

Ставката за ко-финансирање се зголемува во случаите кога:

– носител на инвестицијата на земјоделско стопанство е млад земјоделец, поддршката за оваа категорија е до 55 отсто од прифатливите трошоци

-за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство до 60 проценти

-за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец 65 отсто

-за инвестиции во недостапни рурални заедници 75 отсто

Барањата за оваа мерка се доставуваат електронски со извршена регистрација на е-baranje.ipardpa.gov.mk



Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за користење на поддршка по различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година.

Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за исплата со бараните податоци и да прикачат задолжителни електронски документи (фактури или сметкопотврда кои ги докажуваат реализираните трошоци, детални испратници за испорачаните садници, уредно заверени, решение за запишување на земјоделско стопанство во ЕРЗС при МЗШВ не постаро од три месеци од денот на објавување на јавниот повик, фискална сметка или налог за плаќање ПП30 со извод за плаќање или налог за плаќање ПП10 со извод за плаќање на име на добавувачот, образец на Договор уредно заверен со потпис и печат.

Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој.

– Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барање на e-baranje.ipardpa.gov.mk

– Барањата кои не поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.

Корисниците на средства треба да ги имаат намирено сите финансиски обврски кон Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и финансиските обврски кон Јaвното претпријатие за стопанисување со пасишта и воден надоместок кон водостопанските претпријатија.

Упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на Барање за исплата може да се превземе на почетната страна на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Упатството за корисници за поединечна мерка може да се превземе по започнување на креирање на барање за мерката.

Електронски пополнетото барање за исплата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година, заедно со целокупната документација во оригинал треба уредно да е заверено со потпис и печат од барателот. Така комплетираната документација во оригинал се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ“ Барање за исплата и Архивски број на Барањето (0821-12125-XXXX/1). Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на барањето.

Крајниот рок за доставување на барањата е до 30. 09.2021 година.

Претходна статија

СДСМ: Мицкоски е единствениот кој не повикува на масовна вакцинација

Следна статија

652 возачи казнети за брзо возење, 312 во населени места

Најново од Вести

Без вода делови на Чаир

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваaт дека поради уличен дефект ф 300 мм на Бул. Македонско-косовска