|

Нови услови со ЕУ-интеграциите ќе има: За институциите, владеењето на правото и системската функционалност – а не за македонскиот идентитет

Пишува: Ивон Величковски

И тие доаѓаат со отворањето на првиот преговарачки кластер „Владеење на правото“.

Тоа што според реториката на ВМРО-ДПМНЕ од 2022, македонскиот народ и нацијата на Северна Македонија треба да се идентификуваат со нефункционален систем, недоволно владеење на правото, корупција… – е проблем на Мицкоски и неговите коалиционери во парламентарната „опозиција“.

Со приближувањето на декемврискиот Самит на 🇪🇺, се појасно е дека 🇲🇰 повторно ќе биде повикана да ги комплетира уставните дополнувања како обврска од Преговарачката рамка. И толку.

Тоа значи дека:

❗️🇪🇺 ги игнорира вербалните „слаломи“ на Владата и претседателката на Републиката за решенија вон Преговарачката рамка;

❗️На институциите на 🇲🇰 им е понудено да се вратат на „фабричкото нагодување“ во интеграциите. Затоа последните панел-беседи на владините министри низ Брисел и Виена се проследени со „едукативен“ молк;

❗️Интеграцијата на 🇲🇰 зависи од утврдените критериуми, процедури и обврски, а не од „повиците” на земјата-кандидат за “Реформа на 🇪🇺“;

❗️Извештајот на ЕК тивко посочи дека неиницирајќи ги потребните уставни амандмани, парламентарната „опозиција“ е партнер на власта во авто-блокадата.

Со ова во вид, сите дефокусирачки теми („ѓубрето во Скопје“, „Сејф сити“ и сл.) веќе не го релаксираат реалниот и растечки притисок на граѓаните за целосна интеграција на 🇲🇰 во 🇪🇺 заедно со 🇦🇱 и 🇲🇪.

Оваа потреба, желба и цел на економијата и нацијата е спротивставена со финансиско-медиа-партискиот естаблишмент во 🇲🇰 заглавен во БЈРМ-овската зависност од „југо-советскиот“, односно „српско-рускиот” свет.

Учеството на 🇲🇰 (со 🇭🇷🇲🇪🇸🇮) во нацртот на Резолуцијата на ОН (за враќање на киднапираните украински деца од 🇷🇺) е почетен показател дека Владата е соочена со неизбежниот избор дали ќе ја води земјата во интеграција (со 🇪🇺) или во изолација (со 🇷🇸).

Реалната подготвеност на Владата (на ВМРО-ДПМНЕ) да го следи стратешкиот национален интерес 🇲🇰 да биде ЕУ и НАТО партнер (вклучително стратешки партнер на членки на Алијансата) и натаму ќе се мери по доследноста како репер.

Конкретно, низ деблокирањето на уставните дополнувања како доследност во определбата Полноправно членство во 🇪🇺.

Истиот критериум важи и за парламентарната „опозиција“. Само пратениците кои ќе се одважат да го направат потребниот предизвик ќе претставуваат опозиција, а не „опозиција“.

Како политички лидер на Нова Република, повторно ги охрабрувам да се определат – или партијата или нацијата.

Впрочем ова е предизвик за сите пратеници – и од власта.

Се друго е само:

❗️натамошен финансиски и економски застој и

❗️газење на интересот на македонскиот народ и нацијата на Северна Македонија.

Слични Објави