| |

Ново партнерство меѓу Бугарија и TUI за привлекување повеќе туристи од Германија

Бугарската влада и туристичката компанија TUI на 24 септември во владината резиденција „Евксиноград“ во Варна ќе потпишат меморандум за зголемување на бројот на туристи од Германија во Бугарија во 2027 година, соопшти Министерството за туризам на Бугарија, пренесува БТА.

На настанот ќе присуствуваат министерот за туризам Илин Димитров и претставници на TUI.

Димитров на почетокот на септември најави дека во Варна ќе се одржи состанок на Одборот на директори на TUI, на кој се очекува да пристигнат околу 150 менаџери на компанијата.

„Целта е да се даде нов почеток на односите со најголемиот туроператор во Европа и да се потпише договор за рекламирање на глобално ниво“, изјави тогаш министерот.

Меморандумот е насочен кон зголемување на туристичкиот прилив од германскиот пазар кон Бугарија во текот на 2027 година.

Слични Објави