|

Нуредини: Се раскинуваат Договорите за концесија за седум мали хидроелектрични централи

Се раскинуваат Договорите за концесија за седум мали хидроелектрични централи во Националниот парк Шар Планина.

На иницијатива на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната Седница, Владата на Република Македонија ја усвои информацијата во врска со статусот на Договорите за концесија на малите хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување на Национален парк Шар Планина, за кои се водеше постапка за спогодбено раскинување на Договорите за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија. Со информацијата се опфатени шест мали хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување во Националниот парк Шар Планина, кои нема да се реализираат. Се работи за МХЕ Љуботенска бр.66, МХЕ Љуботенска бр.67, Беловишка бр.107, Пена бр.82, МХЕЦ Лешочка 100 и Лешочка 101.

Имено минататa година, Министерството за животна средина и просторно планирање иницираше формирање на Комисија во која членуваа и претставници на Министерството за финансии и Министерството за економија, која што ја разгледа документацијата за спогодбено раскинување на Договорите за концесиите и потребата за обештетување на договорните страни.

До Министерот за животна средина и просторно планирање беше доставен Записник со детален преглед на сите реализирани трошоци од Концесионерите врз оснава на што е изработен предлогот за спогодбено раскинување на Договорите. Со предлогот за спогодбено раскинување на Договорите за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од малите хидроелектрани на Шара предвидено е да се надоместат реално направените трошоци за реализација на договорите и уплатените трошоци на име на Концесијата

Покрај наведените, со посебна информација доставен е предлог за спогодбено раскинување на Договорот за концесија за МХЕЦ Шеличе со реф.бр. 91, лоцирана на подрачјето на НП Шар Планина, во зоната на одржливо користење, при што е постигната согласност на Концесионерот да му се врати уплатениот концесиски надоместок.

Слични Објави