За четири години 100 посто покачување на платите, бара синдикатот на УКИМ

/

Синдикатот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ одржа средба со премиерот Димитар Ковачевски, министрите за образование и финансии Јетон Шаќири и Фатмир Бесими во врска со барањето на професорите за постепено зголемување на платите. По еден час излегоа од Владата со ветување дека од следната година ќе потпишат нов колективен договор и ќе добијат зголемување на платите. Според Синдикатот на Универзитетот, работниците во УКIМ, имаат најниски плати во регионот. Поради тоа се бара постепено зголемување на платите, за 25 отсто годишно, за по четири години да растот да достигне 100 отсто.

Претходна статија

Маричиќ: Со целосна вклученост на сите ќе имаме успешни преговори

Следна статија

Нуредини: Се раскинуваат Договорите за концесија за седум мали хидроелектрични централи

Најново од Вести