ОБЈАВЕНА АУДИО СНИМКА: ПИЛОТОТ ДОБИЛ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ, А ПОТОА НАПРАВИЛ ФАТАЛНА ГРЕШКА (ВИДЕО)

Еден од најдобрите кошаркари во историјата, Коби Брајант загина во страшна хеликоптерска несреќа, која се случи во Калифорнија, а во леталото освен легендарниот кошаркар имало уште осум други лица, меѓу кои и неговата 13-годишна ќерка Џиана Марија.

Полицијата потврди дека истрагата уште е во тек, но сите се сомневаат дека главна причина била густата магла. Од полицијата потврдија дека ги приземјиле нивните хеликоптери поради временските услови бидејќи било опасно за лет.

Но, хеликоптерот во кој биле Коби и неговата ќерка полетал и покрај прдупредувањето. Американски „ТМЗ“ објави и аудио-снимка меѓу контролната кула и пилотот на хеликоптерот.

Веднаш било јасно дека поради маглата пилотот нема добар преглед, па барал помош. На снимката се слуша како од контролната кула зборуваат хеликоптерот да кружи 15 минути, па барале излез од ситуацијата.

Меѓутоа, американските медиуми објавија дека пилотот направил грешка неколку моменти пред несреќата. Тој летал премногу ниско и покрај предупредувањето, па тргнал кон планинскиот дел и набрзо удрил во планината.

Пилотот проблемот со маглата го пријавил додека летале над зоолошката градина во Лос Анџелес, каде што кружеле најмалку шест пати и летале на висина од само 500 метри.

Од контролната кула се слуша предупредување дека мора да ја зголемат брзината и да го избегнат планинскиот дел, но пилотот го направил токму спротивното затоа што поради густата магла не се гледало јасно каде се наоѓа. Пилотот наеднаш ја зголемил висината, зашто очигледно видел дека има планина пред нив, но за жал не можел да избегне трагедија.

Извор: Спорт1