|

Од денес поројни врнежи од дожд и снег на планините

Денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни и поројни, каде што локално ќе наврнат над 20л/м2, а на планините врнежите ќе бидат од снег и се очекува да се формира снежна покривка.

Од денес до понеделник ќе дува умерен до засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час).

Од вторник под влијание на студен бран ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови намалување на температурите.



Слични Објави