ТОДОР ПЕТРОВ ЌЕ СОБИРА ПОТПИСИ ЗА РЕФЕРЕНДУМ ПРОТИВ ИМЕТО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Иницијативата на Тодор Петров да собира потписи за нов референдум со прашањето „Дали сте за Република Северна Македонија”доби зелено светло во собраниската комисија за политички систем и истата е проследена во понатамошна собраниска процедура. Одлуката беше донесена со 8 гласа „за“ и еден „воздржан“.
За иницијативата, чиј потписник е лидерот на Светскиот македонски конгрес, треба да се изјасни и Законодавно-правната комисија, но нејзината седница беше одложена.
„Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија?“ е прашањето кое што, како што појасни Петров на седницата, би било поставено на референдумот што би се одржал доколу се соберат потребните 150 илјади потписи. (Повеќе)