САМО СИЛНО И ДОБРО ОБРАЗОВАНИЕ ЌЕ СОЗДАДЕ УСЛОВИ ЗА СИЛНА И ПРАВИЧНА ДРЖАВА

Истакнато Колумни Позиција

Според многумина од нашата политичка елита влеговме во клучна година во однос на прашањето за влез во ЕУ и Нато. Реалноста покажува дека влеговме во годинава со зголемен данок, лиценци за пазарциите, живот во услови на хибриден режим и се друго останато, а останатите проблеми уште не се решаваат.

Оптовареноста на Владата да се направи партиски пазарења со политичките партии, цената за коишто ќе ја платат граѓаните. Заборавивме дека до вчера во државата важеше поделбата на „предавници“ и ,, патриоти“, за да дојде новиот тренд да се делиме на „сиромашни“ и „иселени“.

Иако загадувањето како топ тема до пред извесно време некако стивна, поради снегот кој пак од своја страна стана лош сојузник на државните претпријатија. Актуелна е и темата со новите вработувања во аднинистрацијата на партиските послушници, вејачите на бајраци. Секој еден кој добил партиска книшка од владејачката партија има можност за избор на своето вработување без разлика дали се работи за царина или пак за патарина. И тоа се случува во време кога се труби за тоа дека треба да се даде шанса на добро образовани кадри, без разлика на нивната етничка и верска припадност или пак партиска книшка. Наместо намалување на администрацијата ние имаме зголемување на истата. Храбро одиме по патот да станеме држава на социјални случаи во којашто нема образование, здравство и се она што една држава ја прави комплетна, на нормално ниво.

Нашата влада ја фативме во уште една лага во сферата на образованието, иако го укинаа екстерно тестирање, надлежните воведуваат меѓународно познато тестирање ТИМСС. Ќе се мерат знаењата на учениците од основните училишта по наставните предмети математика и природни науки.

Јас само се прашувам по кои учебници ќе спремааат учениците кога сеуште немаат добиено учебници?

Иако очекуваа Новогодишно изненадување од министерот Адеми за жал не се израдуваа многу. И проблемот не е само тоа, реалноста кажува дека во Македонија коалицијата која е веќе две години на власт, не спровела никакви реформи во образовниот систем.

До кога основците и средношколците ке одат со копирани книги кои сами ги плаќаат, додека на хартија образованието ни е бесплатно?

До кога ќе ги слушаме големите најавувања за изградбата на новиот студентски дом?

Дали прошетката на директорот на студентските домови Дарио Николовски низ хрватските студентски домови и објавувањето на фотографии на facebook, како треба да изгледа едно нормално и достојно место за живеење за нашата академска младина, ќе роди плод, па нашите домови кои се познати по мизерните услови, ќе се претворат во места, што не асоциираат со зборовите на самите студенти дека ,, дошол животот, ама живот од хорор филмовите,,.

Дали освен со ветувања за реформи во образованието ќе почнете со координирање на своите проекти во образовниот систем?

Време е во државата да се почнат сериозни реформи за да можат нашите академски граѓани да одат достојно рамо до рамо со своите врсници од европското семејство.

Зафатете се со сериозна работа во оваа сфера бидејќи само силно и квалитетно образование обезбеди услови за силна и правична држава.

Автор: Фросина Китановска