Од каде доаѓаат имињата на државите (I)?

Австрија- Во буквален превод името значи “источна граница”. Во времето на императорот Карл Велики регионот бил најисточниот дел од Империјата на Франки, првата преграда
пред нападите на Аварите.

Албанија– Името значи “планинско земјиште” / “земја на планините”. Земјата е именувана по племето (албано), чие име доаѓа од индо-европскиот збор “алб” (алб) – “планина”.

Англија– Името значи “земја на англите”. Тоа се саксонски племиња кои ги запоседнале Британските острови, но не е познато што точно значи нивното име.

Андора- Името во буквален превод значи “земја покриена со грмушки” – од стариот наварски збор “индурријал”.

Ерменија- Името значи “земјата на Крстоносците”. Ерменците веруваат дека тие се наследници на Ное, легендата е поврзана со планината Арарат, која некогаш била дел од ерменската држава, и е местото каде што Ное ја изградил својата арка.

Азербејџан –Според официјалната верзија, името на Азербејџан доаѓа од Атропат, персиски благородник од времето на Дариј III сатрап на „средните земји“ кои денес се Азербејџан. Самото име на Атропат доаѓа од персиски и значи “заштитено од оган”.

Белорусија – Името значи “бела Рус” – и е поврзано со историската област Рус каде што се наоѓа државата.

Белгија – Името  може да се преведе како “Јас во битката”, а Белгијците се оние што се кренале за битка.

Босна и Херцеговина – Првиот дел од името на државата доаѓа од реката Босна, а  Херцеговина доаѓа од стариот збор “Херцег” – “војвода”.

Германија -Името доаѓа од латинскиот збор „Germania“ што значи специфичен регион. Потеклото на зборот е нејасно, но
може да биде и толкувано како локален збор за “сосед” или слично. Германците ја нарекуваат својата земја “Deutschland”, името доаѓа
од стариот германски збор „нација“.

Грузија – Името на државата доаѓа од арапскиот и персискиот збор kurj и gurj, што значи “земја”.

Слични Објави