ОД УТРЕ ОД 15 ЧАСОТ ДО ПОНЕДЕЛНИК ВО 5 ЧАСОТ НЕМА АВТОБУСИ

//

Од утре, сабота од 15 часот, па до понеделник (27 април) до 5 часот, јавниот превоз нема да функционира.

Ваквиот режим е согласно одлуката на Влада на РСМ за забрана на движење на граѓаните во посочениот период, соопшти ЈСП.

Утре автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат од 5 до 15 часот, по саботен возен ред.



Отворени од 7.30 до 14 часот ќе бидат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел, билетарниците на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.

Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.



Претходна статија

ПОВРЕДЕНО ЕДНО ЛИЦЕ ПРИ ЕКСПЛОЗИЈА ВО КАСАРНА НА ПАЛЕ

Следна статија

ПРИСТИГНА ПОМОШТА ОД ЕУ, АМА НАМЕСТО ЌЕБИЊА ОД БРИСЕЛ ИСПРАТИЈА РЕСПИРАТОРИ И ЗАШТИТНИ МАСКИ

Најново од Вести