|

Одбележуваме 107 години од смртта на Коста Шахов, деец на Младата македонска книжевна дружина и Врховниот македоно-одрински комитет (ВМОК)

На 15-ти август 1917 г. во Охрид умира КОСТА СТЕФАНОВ ШАХОВ, истакнат обштественик, новинар, прв председател на Младата македонска книжевна дружина и деец на Врховниот Македоно-Одрински Комитет.

Роден е во Охрид, 1862 г., завршил право на Софискиот универзитет и работел како судија во Русе. Во 1892 г. се запознава со Иван Хаџиниколов и Гоце Делчев и помага за основавањето на идното ВМОРО. Тој е меѓу основачите на ММКД и автор на Уставот и Правилникот. Активен е соработник на списанието „Лоза“. Ги издава весниците: „Македонија“, „Страник“, „Глас македонски“, „Борба за слободата на Македонија и Одринско“, „Борба“ и др. К. Шахов е сред основачите на Врховниот Македоно-одрински комитет во 1894 г. во Софија. Во 1908 г. тој го создава Комитетот АВТОНОМНА МАКЕДОНИЈА. Според член 1 на неговиот устав член на комитетот може да биде: „секој, кој се интересира за положбата на Бугарите во Македонија и ја подпомага нивната борба за слободен економски, просветен и политички живот.“ Комитетот располага со влијателен орган „Македонија“. Во 1912 г. го редактира дневниот весник „Балканска зора“. По влегувањето на Бугарската армија во Македонија во 1915 г., се враќа во Охрид и е назначен за председател на областната постојана комисија.

Коста Шахов умира по две години во родниот град.

“Ние постојано сме тврделе, дека Македонија е толку густо населена, така што нејзиното население по својата бројност ако не ја надмимува онаа на Северна Бугарија, но не е и помалку од неа. Тоа сме тврделе на таа проста основа, дека лично сме го обиколиле едно време поголемиот дел од нашата татковина и со своите очи сме виделе и знаеме, дека таму има многу големи села и паланки со по 5 и 10 илјади жители. Жално, дека за слободните Бугари Македонија е terra incognita и тие не само ја мислат за еден мал дел од Европска Турција, но и речиси се убедени со (подобро заблудени), дека таму Бугарското население во никој случај не е поголемо од петстотини илјади души.

А некои од бугарските публицисти и весникари одавна се произнесле, дека македонците станвале секакви Бугари, Грци, Срби, Власи и др., доста било да им се покаже некаков интерес. Со други зборови, нивната милост се сомневат во народноста на македонците и не верват, дека во нив е вродено чувството на националност. Не говориме за странците, кои ги изучават земјите по патните белешки на патешествениците, кои често пати се произнесват за народноста на цели села и градови според тоа како ќе им кажат нивните сопатници и кираџии, а неретко за нашите земји и на основите на добиените податоци и свидетелства од грчките владици, кои им укажале гостопримство и богато ги гоштевале.

И така целото население во Македонија се состои од 1,967,590 души. По народност тоа население се разделва така: 999 548 души Бугари, 614 520 души Турци, 212 774 души Грци, 75 413 души Власи (Цинцари) и 65 335 души Евреи. Заедничкиот број на народностите турски, грчка, влашка и еврејска е 968042, помалку од бројот на Бугарите се 31506. Во бројот на Турците влегват и Циганите.

Следствено верен и основан е заклучокот на г. Веркович, “дека бројноста на Бугарите во Македонија надминува неколку пати не само секоја од другите народности, кои ја населуваат таа земја, но и сите други заедно земени.”

“Да, поздрав, кон тие добри луѓе на образувана Франција, кои што се завзеле со благородната идеја: мирот меѓу народите, со принцип на народностите и со слободата на сите луѓе. Да не забрават, дека во средината на Европа има еден агол, кој што се нарекува Македонија, дека живее таму многустрадален Бугарин, кој што од пет века досега стенка под јатаганот на свирепиот Турчин. Тој Бугарин (или така да кажам македонец), под предлог да не го пожелува некогаш соединението, со своите родни браќа Бугари од ослободеното Кнежество, е притиснат од Турци, Грци и др. Тој се наоѓа во истата положба, во која што беа и неговите ослободени браќа едно време под Турција. Се знае во Европа за клањето едно време во Бугарија, Цариградската конференција и сите други настани, кои што предходеа на започнувањето на руско-турската војна. Сега пак верваме сите Европски учени и државници знаат уште, каква барутница може да стане пак Балканскиот Полуостров, во случај ако не се даде да земе здив слободно петвековниот роб македонец, и ако им се сака на големите држави да ја нарушат слободата и на малата Бугарија, која што има желба да живее слободен живот, и да го владее тоа, над кое што по етнографски причини има неотповикливи права.”

в-к МАКЕДОНИЈА, 1889 г.

Слични Објави