| |

Одбележуваме 118 години од масакрот извршен во костурското село Загоричани

На 25. 03. 1905 година, рано утрото над 200 грчки андарти го запалија костурското село Зaгоричани, безмилосно убивајќи 63 мирни жители, бидејќи одбиле да се откажат од Бугарската егзархија.

“Треба да им попречиме на Бугарите да вршат пак злодејанија и да го повторат минатогодишното лажно востание, зашто целиот свет е на пат да признае, дека тука има само Бугари. Тоа треба да стане оваа година, а догодина можеме да поработиме и за слободата.“

Павлос Мелас за целта на Елиномакедонскиот комитет предводен од костурскиот владика Германос Каравангелис.

“Турскиот сеобшт главатар Несат паша преку моите разузнавачи побара да го дознае моето мислење за изпраќање на дивизија да ги прогони Бугарските банди. Му одговорив, за да се уништат Бугарските банди, ќе треба во една ноќ да се опсадат барем 40 села и да се фатат живи сите членови на бандите.“

Писмо на Г. Каравангелис до Солунскиот митрополит

“Г. Каравангелис: Сојузот со Турците е само привремен. Ќе дојде великиот ден, кога елинизмот ќе ги положи своите права. Но е необходно прво да се уништат Бугарите.“

Македонија нејзините народности и нивната иднина, Хенри Брејлсфорд.



Слични Објави