|

Одбележуваме 131 година од смртта на Трајко Китанчев, прв претседател на Врховниот македоно-одрински комитет

На 13-ти август 1895 г., во Софија умира Трајко Китанчев, обштественик, поет, публицист, политичар и револуционер, прв претседател на Врховниот македоно-одрински комитет во Софија.

Роден е на 1-ви септември 1858 г. во ресенското село Подмочани. Учел во Ресен, во Цариград, во Киевската Духовна семинарија и една година правни науки на Московскиот универзитет. Од 1881-1882 г. бил учител во Петропавловската семинарија, а потоа во Бугарската гимназија во Солун, Пловдив, Габрово и Софија. Учествува во Србско-бугарската војна во 1885 г., како доброволец во Бугарската армија. После тоа бил и училишен инспектор во Велико Трново. Во 1892 г. е осуден на три години затвор под обвинение дека учествувал во обидот за убиство на Стамболов. Ослободен е на 20 мај 1894 г. по што активно се вклучува во политичкиот живот. На 19-ти септември е избран за пратеник од Трново како кандидат на Демократската партија во Собранието на Бугарија. Во март 1895 г. е избран за претседател на првиот конгрес на македонските друштва во Бугарија. Истата година ја организира Четничката акција (Мелничкото востание) која завршила неуспешно. Т. Китанчев е автор на балади, стихотворби и статии напишани во повеќе весници. Преведувал книги, а е известен како еден од најдобрите оратори на своето време.

Умира од инфаркт.

“Западно-македонското наречје е едно од најоригиналните наречја на Бугарскиот јазик. На тоа наречје говори еден голем дел од Бугарскиот народ и, ако не за друго, а само по таа причина, тоа заслужува најсериозно внимание на нашите филолози. Независно од тоа, во него се запазени од старо-бугарскиот јазик толку убави, чисто Бугарски зборови и форми, и воопшто останато е такво богатство, кое што е пожелно, при развивањето и усовршувањето на нашиот нов книжевен јазик, да црпиме материјали од него со полни раце. Но пак од друга страна, во исто тоа наречје има такви особености и архаични остатоци, кои, и да е пожелно да ги има во нашиот нов книжевен јазик многу е касно да се воведат во него од сега натаму, и затоа се осудени да останат за секогаш како провинцијализми.

Меѓутоа изучувањето и на тие особени црти и архаизми од Западно-македонското наречје е важно, – едно затоа што преку нив можат да се осветлат некои темни страни во нашата млада филолошка наука и да се објаснат некои појави во другите наречја, дури и во самиот наш книжевен јазик кои (појави) без тоа би ни се покажале необични и необјасниви; а друго, – затоа што самите тие архаизми и особености можат понекогаш да послужат и за подоброто и за посвесното усвојување на граматичкото уредување на нашиот јазик. Без слично изучување и објаснување на архаичните остатоци и оригиналните црти на нашите наречја (особено западните), мнозина од нас ќе продолжат да ги сматрат чистобугарските особености на тие наречја, како нешто туѓо, донесено од друг туѓ јазик во нашиот.“

ЗА АКЦЕНТОТ ВРЗ ЗБОРОВИТЕ ВО РЕСЕНСКИОТ ГОВОР ОД ЗАПАДНО-МАКЕДОНСКОТО НАРЕЧЈЕ, 1892 г.



Слични Објави