|

Одбележуваме 154 години од раѓањето на големиот револуционер и војвода на ВМОРО Ефрем Чучков

На 21 ноември 1870 г. во Штип е роден големиот револуционер и војвода на ВМОРО – ЕФРЕМ ЧУЧКОВ. Учел во родниот град, во Бугарската гимназија во Солун, а потоа во Педагошкото училиште во Ќустендил. Учителствувал во штипското Ново село, а после тоа заедно со Гоце Делчев учел во Военото училиште во Софија. Во 1896 г. го завршил Педагошко училиште во Казанлак и неколку години учителствувал во Пехчево и Мелник, каде што започнал да ја развива револуционерната дејност. Од крајот на 1897 г., по Виничката афера, бил во илегала и се префрла во Бугарија. Во април 1898 г. се враќа во Македонија како војвода на чета. Тој бил еден од организаторите на револуционерната мрежа во Штипско, заедно со Тодор Лазаров и Мише Развигоров. Во 1905 г. учествува на конгресот на Скопскиот револуционерен округ, каде заедно со Даме Груев, К. Българијата, М. Развигоров и А. Бабата е избран во окружното раководство. Во април 1907 г., заедно со Тодор Александров се избрани за окружни началници на Скопскиот револуционерен округ. На Ќустендилскиот конгрес 1908 г. е избран за член на Централниот комитет на ВМОРО. За време на Балканските војни командува одред кој што го ослободува Кочани. Во Штип запленуват турски војници и водат борби на Султан тепе. Во текот на Првата светска војна е Бугарски градоначалник на Штип и е еден од подписниците на протестниот документ на ЦК на ВМОРО – Мемоар на Бугарите од Македонија од 1917 г. По војната заедно со Тодор Александров учествува во обновата на ВМРО. Бил војвода на чета во Малешевско и Царевоселско, каде што водел борби со србските окупаторски единици.

Ефрем Чучков беше втората авторитена фигура во обновеното ВМРО. Големиот револуционер умира на 1-ви октомври 1923 г. во Софија.

“Земјите по двете страни на Вардар и самиот Вардар припаѓаат на Бугарското население, кое ги населува и следствено не можат произволно да се дават на тој – на оној да ги владее политички, дури и да би имал потреба. Во спротивен случај реакцијата против туѓата власт е неминовна и таа реакција е вон од секое сомнение, штом е збор за земји како нашите, кои во блиското минато – низ турскиот и низ србскиот режим – тие долго време биле огниште на вооружени востанички движења и со тоа станале прва причина на последните три ослободителни војни од страна на слободна Бугарија. Разумното и вистинско користење на Вардарскиот и на сите други басени на Балканот е возможно само при еден суштествен и основен услов: тоа е – слободата на секој народ во неговите природни етнографски граници и заемното почитување на природните права на секого. Заштитувајќи ги со своите гради тие начела преку неговото учество сега во најкрвавата од војните, какви светот не видел, Бугарскиот народ и денес протега рака за мир и согласност, решен во истото време да продолжи да дава жртви за слободата и своето обединување, ако тие му се наложат од несправедливата желба да се режат делови од неговото живо тело.“

МЕМОАР НА МАКЕДОНСКИТЕ БУГАРИ ОД ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ, 1917.

“Зарем нашата идеја – слободата на Македонија – не е за нас религија? Зарем малку се титаните херои, кои што со насмевка на устата, слатко ја пресретнале смртта во името на таа света идеја? Не, македонскиот народ во својата единственост нема да умре, зашто тој раѓа синови готови да ги остават своите коски за неговото величие. Многу повеќе се подвизите на македонските Бугари од оние на Ботев, Левски, Караџата и др. кои исто така оставија свети коски во името на она убаво пролетно цвеќе, кое ние го нарекуваме слобода.“

НА ЕФРЕМ ЧУЧКОВ, Панчо Михајлов, 1923 г.

Слични Објави