|

Одбележуваме 23 години од смртта на Љубомир Далчев- автор на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк на Скопје

На 11-ти јули 2002 г. во Калифорнија, САД умира познатиот уметник и вајар македонскиот Бугарин Љубомир Далчев. Далчев е автор на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

Роден е 1902 г. во Солун во семејството на кукушкиот правник Христо Атанасов Далчев и прилепчанката Викторија Матеева Димшова. Брат е на поетот Атанас Далчев и на архитектот Борис Далчев. Во 1926 г. завршил живопис во Сликарската академија во Софија во класата на проф. Никола Маринов. Две години подоцна завршил скулптура во Римската академија на уметности кај проф. Лупи. Продолжил и завршил специјализација по пластична анатомија кај проф. Анри Мез во Екол де Боз` Арт во Париз, 1929 г.

Бил професор по пластична анатомија и монументална скулптура на Уметничката академија во Софија. Творештвото на Далчев е огромно по обем, скулптури во различен видови, мала и монументална пластика, декоративна пластика на екстериори и интериори, фигурални композиции, статуии. Многукратно бил официално канет за вајар на градот Франкфурт во Германија, но тој откажува поради нацистичката власт во тоа време.

Негови творби се наоѓаат во Атина, Монтреал, Сао Паоло, Санкт Петербург, Москва, Одеса, Баку, Австрија, Белгија, САД. Во 1966 г. подарува споменик на Гоце Делче во Скопје. Во 1979 г. заедно со сопругата емигрира во САД.

Добитник е на неколку ордени за неговото уметничко творештво.



Слични Објави