| |

ОДБЕЛЕЖУВАМЕ 69 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ПРВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА Д-Р ХРИСТО ТАТАРЧЕВ

На денешен ден пред 69 години завршува земниот пат на првиот претседател на ВМОРО д-р Христо Татарчев.

Роден е на 16 декември 1869 год. во Ресен. Учи во Ресен, Брацигово и Пловдив. Студирал медицина во Цирих и Берлин. Дипломира како лекар во јули 1892 г. Потоа е поставен за школски лекар во Солунската машка гимназија „Св.Кирил и Методиј”.

Тој е еден е од учесниците при формирањето на ВМОРО на 23 октомври 1893 год. во Солун и е избран за прв претседател на ЦК.

Во почетокот на 1901 год., е осуден на 5 години затвор. Заточен е во Подрум-кале, југозападен дел на денешна Турција. Амнестиран е на 19 август 1902 год. При крајот на 1902 год. е именуван за член на Задграничното претставништво на Организацијата во Софија.

За време на Првата светска војна д-р Хр. Татарчев е военен лекар во редовите на бугарската армија. Во периодот меѓу двете светски војни се оддава на публицистика. Извесно време по војната живее во Италија. Од 1941 до 1943 г. живее во Ресен, а потоа во Нова Загора.

По војната доаѓа за кратко во асномска Македонија, но е предупреден дека ќе му се случи нешто лошо и му се кажува дека за него како „бугараш“ нема место во СР Македонија. Заминува за Бугарија од каде во 1949 г. оди во Италија каде умира на 5 јануари 1952 година.

Повеќе за првиот претседател на ЦК на Организацијата можете да прочитате во „Материяли за историята на македонското освободително движение“ во делот „Първиятъ централен комитет на ВМРО“ објавена 1928 г. во Софија. Спомените на Хр Татарчев се запишани од Љубомир Милетич, еден од основачите и претседател на Македонскиот научен институт во Софија.

Тестаментот на д-р Татарчев можете да го видите овде.



Слични Објави