ТЕСТАМЕНТОТ НА ПРВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА Д-Р ХРИСТО ТАТАРЧЕВ

На 3 дена пред 69 тата годишнина од смртта на првиот претседател на Организацијата, големиот македонски револуционер и идеолог на македонското ослободително дело д-р Христо Татарчев, ви го претставуваме целосниот текст на тестаментот на големиот ресенчанец, адаптиран на македонски јазик.

loading...

“Јас, долупотпишаниот д-р Христо Николов Татарчев,
населен во Торино, Италија, го напишав своерачно следниот
тестамент, по слободна волја и целосно сознание без какво и да
е надворешно вмешување или принуда, со кое ~ го оставам во
наследство на жена ми Софија, д-р Христо Николов Татарчева,
Петро Логотети, која живее исто како и јас привремено во градот
Торино, Виа Гилберти 24, целиот недвижен имот, идеалната
половина дел од куќата која се наоѓа на аголот на улицата Цар
Борис и Егзарх Јосиф во Софија, Бугарија и сите парични суми,
кои се наоѓаат во бугарските и италијанските банки и ја правам
моја единствена наследничка по тестамент, согласно законите
на мојата држава Бугарија.
Моја желба е по нејзината… издршка до смртта, ако остане
нешто од мојот идеален дел од гореспоменатата куќа да биде
дадено по еднаков дел на општините кукушка и ресенска –
Македонија, за просветно – културни цели, ако последните
општини се во пределите на голема Бугарија; во спротивен случај
да се даде за просветителни културни цели на општините на кој
и да е македонски град кој останал под бугарска власт… Со овој
тестамент ја изразувам последната моја волја и ги обезвреднувам
сите претходни своерачни тестаменти напишани од мене. Овој
тестамент го завршувам денес на шести јули илјада деветстотини
и четириесет и втора година, во градот Торино, Италија во
присуство на моите сонародници д-р Христо Манов, д-р Тома
Флоров и архитект Никола Дулгеров, сите населени во Торино.
Д-р Христо Татарчев”

Оригиналната верзија на тестаментот е напишана на бугарски јазик.



loading...

Во Библиотека Струмски можете да го погледнете и оригиналниот тестамент напишан ракописно од самиот д-р Христо Татарчев.